3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Најчитани вести

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината.

Вархељи пред новинарите изјави дека се сретнал со лидерите на Бугарија и Северна Македонија. Еврокомесарот нагласи дека е свесен за изборите во двете земји, но испорачувањето датум е многу поважно од прашањето за изборите.

„Одложувањето датум за преговори за Скопје и Тирана има негативно влијание врз кредибилноста на Унијата. Двете земји го испорачаа она што се бараше од нив“, рече тој.

Повтори дека Албанија и Северна Македонија не треба да се двојат откога бугарскиот европратеник Андреј Ковачев предложи почеток на преговорите со Албанија место да ја чекаат Северна Македонија да го реши спорот.

„Големо мнозинство земји членки не сакаат одвојување, така што сакаме да најдеме решение“, изјави Вархељи.

Вархељи ги повика европарламентарците да влијаат на своите земји да овозможат напредок за ова прашање со цел и самата ЕУ да оди напред.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com