10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Вархеј: ЕУ да донесе одлуки за целосна интеграција на Западен Балкан

Најчитани вести

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј изјави дека лидерите на ЕУ ќе ја потврдат својата посветеност за целосна интеграција на Западен Балкан во ЕУ на денешниот Самит со лидерите на Западен Балкан.

„Затоа, ние мора да преземеме одговорност и да донесеме одлуки што водат кон тоа, што значи отворање на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, отворање преговарачки групи со Србија, забрзување на работата со БиХ за да стане земја кандидат и визна либерализација за Косово”, рече тој.

На Самитот ќе се разговара и за поддршката за регионот во борбата против пандемијата со „Ковид-19“, а една од темите ќе биде и економското закрепнување по пандемијата, додаде Вархеј.

Тој изрази задоволство од почетокот на имплементацијата на економскиот и инвестициониот план за регионот, додавајќи дека истиот треба да поттикне забрзување на вистинската интеграција, интеграција на општествата и економиите на Западен Балкан во ЕУ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com