12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Вархејхи СЕ НАДЕВА ВО ДЕБЛОКИРАЊЕ НА СПОРОТ со Бугарија и датумот за Македонија

Најчитани вести

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска изјави дека се надева дека процесот на преговори на ЕУ со Македонија и Бугарија ќе се деблокира што е можно поскоро, иако не потврди дали поднел предлог за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Вархеји денеска на прес-конференција посветена на јужното соседство на ЕУ, кусо искоментира само дека Европската комисија се надева дека почетокот на преговорите со Македонија ќе се „деблокираат што е можно побрзо“.

Земјава од минатата година е блокирана од страна на Бугарија за почетокот на преговори со ЕУ, поради билатерален спор.

Бројни дипломати минатата година брифираа дека еврокомесарот Вархеји поднел предлог за решавање на спорот кој одел во прилог на бугарската страна, поради што тој не бил прифатен ниту од Скопје, ниту од тогашното германско претседателство со Унијата, ниту од повеќе земји членки на ЕУ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com