12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Вархеји по средбата со Пендаровски порача да најдеме решение со Бугарија

Најчитани вести

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој се сретна утрово со македонскиот претседател Стево Пендаровски, се огласи кусо преку Твитер по состанокот.

-Ја истакнав поддршката за официално отворање на преговорите за членство и потребата Советот на ЕУ да се согласи за преговарачката рамка. Важно е Северна Македонија и Бугарија да изнајдат заеднички прифатливо решение – напиша Вархеји на Твитер по средбата со Пендаровски.

Претседателот престојува во дводневна посета на Брисел каде што ќе има средби во ЕУ и во НАТО.

Тој денеска се сретна со Вархеји како и со специјалниот претставник на ЕУ за западен Балкан, Мирослав Лајчак и со шефот на ЕУ дипломатијата. Јосеп Борел.

За попладне се предвидени средби со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли и со Европскиот Совет, Шарл Мишел

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com