Home » Вархеји: Нашите очи и уши се вперени во Скопје

Вархеји: Нашите очи и уши се вперени во Скопје

by Журнал.мк

Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата. Видовте дека претседателката на Европската комисијам Урсула Фон Дер Лајен даде директен придонес.

  • Нека се развие дебатата и потоа да ги кажеме нашите позиции, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.

Вархеји кој вчера доцна попладне пристигна во албанскиот град Валона, ја разгледа новоизградената обиколница финансирана од Европската унија, по што одржа прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Што се однесува за Албанија, според Вархеји, таа направила сè за да дојде до првата меѓувладина конференција.

– Верувам дека следната недела ќе биде неделата што толку долго ја чекавме, додал Вархеји.

Премиерот Еди Рама предупреди дека доколку не се отворат преговорите за Албанија, следниот ден ќе се бара „одвојување од македонско-бугарското прашање“.

Посакувам, парламентот на Македонија да го „отвори патот за предлогот на Франција и двете земји да влеземе во преговори“, изјави Рама.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More