36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Вархеји: Македонија мора брзо да го реши спорот со Бугарија

Најчитани вести

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изутринава на Тиранскиот Форум изрази силна поддршка за отворањето на преговори со Албанија, со поумерен тон се осврна на Северна Македонија, инсистирајќи на решавањето на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вархеји ја пофали и новата методологија за преговори благодарение на која се надмина ветото на Франција за почетокот на преговорите со Албанија и Северна Македонија.

– Оваа нова методологија веќе се одразува во нацрт преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија. Земјите членки сѐ уште не постигнале договор за нив и разговорите продолжуваат во Советот. Ги поддржуваме овие напори и се надевам дека првите меѓувладини конференции ќе можат да се свикаат што е можно поскоро под португалско претседателство – изјави Вархеји.

Веднаш потоа еврокомесарот порача дека сите услови се исполнети за одржување на првата меѓувладина конференција со Албанија и дека земјата остварила голем напредок во делот на правдата, владеењето на правото и изборното законодавство.

За Северна Македонија, Оливер Вархеји изјави:

– Северна Македонија задржа стабилен чекор во имплементацијата на ЕУ реформите, посебно во делот на фундаменталните услови. Важно е да се изнајде заеднички прифатливо решение за билатералните прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија брзо – рече еврокомесарот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести