-3.2 C
Skopje
Tuesday, January 18, 2022

Вархеји ги повика Србија и Косово на враќање на дијалогот, ЕУ предлага можна средба меѓу Вучиќ и Курти во Брисел

Најчитани вести

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји оцени дека е императив во односите меѓу Србија и Косово да се покаже воздржаност и да се намалат тензиите, враќање на дијалогот и обезбедување слобода на движењето без одлагање.

– Едностраните акции никогаш не се решение. Тие водат само до непотребни тензии и мора да бидат повлечени, напиша Вархеји на Твитер.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак имаат телефонски контакт со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со цел итно ублажување на тензиите во северно Косово и евентуално одржување состанок меѓу Вучиќ и Курти во Брисел.

– Специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак се врати од Белград во Брисел и сите наши напори се насочени кон намалување на тензиите и враќање на дијалогот, велат за Танјуг дипломатски извори во Брисел.

Во ЕУ забележуваат дека се подготвени да посредуваат во дијалогот меѓу двајцата лидери што би се одржал во Брисел, чија главна тема ќе биде решавање на моменталната ситуација во Косово.

Според српките медиуми, кога станува збор за имплементација на Бриселскиот договор, кругови блиски до шефот на дипломатијата на ЕУ нагласуваат дека сите договори постигнати досега во дијалогот меѓу Белград и Приштина се „на маса“ и дека „никој не ги повлекол“.

ЕУ, амбасадорите на Квинта и САД се целосно обединети во нивната порака дека е во интерес и на Белград и на Приштина да се смири ситуацијата на терен, и дека во спротивно двете страни се во загубa.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com