23.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Вархеи: Се воспоставува механизам за пристап на вакцините до Западен Балкан

Најчитани вести

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи изјави дека Европската комисија ќе воспостави механизам за распределба на вакцините од земјите членки на ЕУ кон партнерските држави.

– Специјален фокус ќе биде на Западен Балкан и земјите од европското соседство, напиша Вархеи на Твитер.

Во документот кој ЕК го усвои денеска се наведува дека тој механизам би требало да им овозможи на партнерските земји пристап кон делот од 2,3 милијарди дози од вакцините кои ЕУ ги обезбеди низ заедничка набавка.

Се додава дека посебно внимание во тој процес ќе му се посвети на Западен Балкан, источното и јужното соседство на ЕУ и на Африка. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com