4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Вархеи повика на итно решавање на спорот со Бугарија

Најчитани вести

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, очекува зелено светло за преговорите со Македонија и Албанија и повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината.

Вархеи пред новинарите изјави дека се сретнал со лидерите на Бугарија и Македонија. Еврокомесарот нагласи дека е свесен за изборите во двете земји, но испорачувањето датум е многу поважно од прашањето за изборите.

– Одложувањето датум за преговори за Скопје и Тирана има негативно влијание врз кредибилноста на Унијата. Двете земји го испорачаа она што се бараше од нив – рече тој.

Вархеи повтори дека Албанија и Македонија не треба да се двојат откога бугарскиот европратеник Андреј Ковачев предложи почеток на преговорите со Албанија место да ја чекаат Македонија да го реши спорот.

– Големо мнозинство земји членки не сакаат одвојување, така што сакаме да најдеме решение – изјави Вархеи.

Тој ги повика европарламентарците да влијаат на своите земји да овозможат напредок за ова прашање со цел и самата ЕУ да оди напред.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com