7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Вардар 1961 ги пушти во продажба поединечните билети за дуелот со Алборг

Најчитани вести

Вардар 1961 по триумфот над Е.Пелистер во домашниот шампионат започнува со подготовки за натпреварот против Алборг во рамките на 3. коло во Лигата на шампиони.

И на оваа средба главна улога ќе имаат фановите на актуелниот македонски првак. Па од клубот денеска излегоа со известување дека во продоажба се пуштени поединечните билети за мечот од ЛШ. Истите ќе чинат од 350 до 450 денари.

„Од денеска почнува продажбата на поединечните билети за вториот домашен натпревар од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар1961 и Алборг. Средбата е закажана за среда, 29 септември со почеток во 18,45 часот во СЦ „Јане Сандански”. Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, во среда од 17 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” до 17 часот па се до почеток на средбата“, се вели во известувањето.

Добро е познато за влез во салата потребен е сертификат за примена вакција за вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com