21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Вардар пушти дополнителни билети за мечот со Веспрем

Најчитани вести

Поради големиот интерес Вардар пушти и билети за стоење за ракометното дерби во Лигата на шампионите против Веспрем.

Интересот за мечот меѓу Вардар и Веспрем е огромен, билетите за седење се продадоа уште пред неколку дена па клубот реши да пушти дополнителни влезници за стоење.

Цената на влезниците за стоење е 150 денари, можат да се набават преку продажната мрежа на „Тикет плус“ и на билетарата на СЦ „Јане Сандански“.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра во недела, 1 декември со почеток од 17 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести