7.8 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Варвициотис: Заев постојано се закануваше дека ќе поднесе оставка

Најчитани вести

Малтиадис Варвициотис, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во разговор за грчкото радио „Реал.фм“ рече дека премиерот Зоран Заев додека присуствувал на Самитот во брисел постојано се заканувал дека ќе си поднесе оставка како шеф на македонската Влада доколку Македонија не добие датум за преговоти со ЕУ.

– Вистина е дека скопската страна беше многу притисната. Заев сите денови на самитот се закануваше дека ако не помине договорот ќе поднесе оставка, за што никој од Европа не му кажа дека би било многу мудро да го стори, бидејќи со одлуката не се поништи нивниот европски тек, туку се одложи за следниот самит што ќе се одржи на балкански терен, во Хрватска, во Загреб и вниманието особено ќе биде насочено на она што се случува на Балканот, рече Варвициотис.

Заменикот-министер на грчката дипломатија додаде дека во Брисел остварил средба со со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.со кого се разговарало за спроведувањето на Преспанскиот договор, а го искажа и ставот дека не е мудро Албанија и Македонија да се раздвојат од пакетот бидејќи тоа би можело да доведе до дестабилизација на Балканот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com