0.8 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Варвициотис до Османи: Целосна имплементација на Преспанскиот договор за поддршка за евроинтеграциите

Најчитани вести

Алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција, задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, преку писмо до вицепремиерот Бујар Османи најави поддршка за европските интеграции на земјава, нагласувајќи дека императив е целосната имплементација на Договорот од Преспа.

-Процесот на европски интеграции на земјите од Западниот Балкан претставува стратешки приоритет на Република Грција. Во таа насока, ние го поддржуваме и процесот на евроинтеграција на Република Македонија, во согласност со предвидените услови и на основа на сопствените заслуги, за што целосната имплементација на Преспанскиот договор претставува императив, пишува Варвициотис во писмото до Османи.

Како што соопшти СЕП, во писмото од грчкиот алтернативен министер Варвициотис, наскоро се најавува и билатерална средба меѓу претставниците задолжени за европски прашања на двете земји.

Претходно, вицепремиерот Османи упати писмо во Варвициотис во кое му ја честита функцијата и изразува надеж за продолжување на соработката. /МИА.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести