15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Варвициотис: Веднаш да се свика меѓувладината седница за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Најчитани вести

Европа е нашиот дом и ние сакаме тој дом да се прошири, да ги прифати сите земји од европскиот континент и на тој начин да се воспостави една географска целина и заокружување, а со тоа земјите од Западен Балкан да се приклучат кон заедницата, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, по средбата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Европската перспектива на Западен Балкан, нагласи, е национална политика која Грција ја спроведува скоро две децении.

-Сметаме дека чекорите за оваа насока од страна на Европа треба да бидат брзи и одлучни. Затоа ги поздравуваме и затоплувањата во однос на проширувањето објавени на Самитот во Брдо и за тоа се насочуваме. Сметаме дека треба веднаш да се свика меѓувладината седница за двете земји, Албанија и Северна Македонија, така што, да се расчистат позициите за следните чекори во преговорите и со евентуалните забрзувања на проширувањето како за Србија, така и за Црна Гора, рече Варвициотис.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com