Home » Варан за новите правила: Зошто никој не не слуша? Овие промени ја уништуваат нашата игра

Варан за новите правила: Зошто никој не не слуша? Овие промени ја уништуваат нашата игра

by Lina Muslija

Членот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан имаше што да каже и порача за новите правила, односно јавно ја искритикува ФА.

Во новата сезона ќе гледаме поголеми судиски продолженија, поточно ќе биде надокнадено секое изгубено време, поточно ќе имаме ситуација слична на Светското првенство во Катар.

Секој гол, прослава ќе значи плус време за играње, ако на ова се додадат повредите и некои ситуации кога играчите сакаат да помине време тогаш е јасно дека ќе имаме доста ситуации во кои продолженијата ќе бидат и двоцифрени.

-Имавме состанок минатата недела со ФА. Тие им препорачаа на судиите нови одлуки и правила. Од менаџерите и играчите, веќе долги години ја споделуваме нашата загриженост дека има премногу натпревари, распоредот е пренатрупан и е на опасно ниво за физичката и менталната благосостојба на играчите.

-И покрај нашите претходни повратни информации, тие сега препорачаа за следната сезона: подолги игри, поголем интензитет и помалку емоции што треба да ги покажат играчите. Ние само сакаме да бидеме во добра состојба на теренот за да дадеме 100% на нашиот клуб и навивачите. Зошто нашите мислења не се слушаат?

-Како играч се чувствувам многу привилегиран да ја работам работата што ја сакам секој ден, но чувствувам дека овие промени ја оштетуваат нашата игра. Сакаме да бидеме на нашето максимално ниво, најдобро што можеме и да имаме неверојатни перформанси за да навивачите слават секоја недела.

-Верувам дека е важно ние, играчите и менаџерите, да ги истакнеме овие важни прашања бидејќи сакаме да ја заштитиме играта што ја сакаме и да им го дадеме на навивачите најдоброто од себе, -порача Варан.

Замерки за ова имаше и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More