Реал Мадрид се обидува ова лето во своите редови да го доведе Килијан Мбапе, кој се уште го нема продолжено договорот со ПСЖ, па идното лето би можел да си замине без обештетување.
Во трансферот Реал се обиде да го вклучи сонародникот на Мбапе, Рафаел Варан, кој би требало да замине во спротивна насока, но францускиот дефанзивец одлучно го одбил тоа.
На Варан исто така му истекува договорот следното лето, ниту тој не сака да ја продолжи соработката и наводно веќе ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед, кој работи на неговиот трансфер, но Реал не сака да го пушти за помалку од 60 милиони евра.
Варан сака да се пресели на „Олд Трафорд“ и не му паѓа на памет да ги менува плановите и да прејде во ПСЖ само за да му помогне на Реал да го добие Мбапе.
Јунајтед засега не сака да плати 60 милиони евра, туку понуди 45 милиони и бонуси, а „АС“ пред две недели пишуваше дека во трансферот би можел да биде вклучен и Пол Погба.