Ван Дајк: Вечерва нема да има победници и губитници

0

Централниот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека веќе се чувствува како победник само затоа што е номиниран за „Златната топка“. Холанѓанецот уверува дека нема да се чувствува разочаран ако не ја освои наградата.

Ван Дајк се очекува да остане на второто место во пласманот за престижната индивидуална награда и Лионел Меси да ја освои својата шеста „Златна топка“.

„Ќе отидам да видам за што се работи. Има причина за мене да бидам таму, а вечерва нема да има губитници. Јас сум многу горд што сум во оваа група. Јас сум таму заради начинот на кој играв со Ливерпул и репрезентацијата во текот на минатата година. Ова е нешто, со кое треба да се гордеам затоа што нема многу играчи на оваа церемонија. Ќе има победник, но нема да има губитници. Ќе видиме што се случува“, рече Ван Дајк.