18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Ван Бастен доби суспензија и остана без платата за – нацистичкиот поздрав

Најчитани вести

Холандската легенда Марко Ван Бастен, поранешен селектор на „лалињата“ и ѕвезда своевремено на Ајакс и Милан добил привремена суспензија од телевизијата „Фокс“ откако направи скандал со нацистички поздрав по завршување на мечот на Ајакс со Хераклес во Амстердам.

Ван Бастен работи како ко-коментатор на „Фокс“ и после мечот кога тренерот на Хераклес, кој има германско потекло ја завршувал изјавата, Ван Бастен го поздравил со нацистичката синтагма – зиг хајл. Ова предизвика голема бура во Холандија и европскиот фудбал, па „Фокс“ го осуди однесувањето на Ван Бастен, кој патем и се извини за непромислениот потег.

Сега телевзијата објави дека холандската легенда е суспендирана на една недела и платата нема да ја добие, туку ќе биде донирана во холандскиот институт за Втората светска војна.

Ван Бастен беше дел и од ФИФА, а во март лани беше дел од делегацијата која ја посети ФФМ заедно со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин кога се отвораше интернатот во комплексот „куќа на фудбалот“ за потребите на Академијата на ФФМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com