Home » Ванделт: Германската рецесија нема да влијае на трговската размена со Македонија

Ванделт: Германската рецесија нема да влијае на трговската размена со Македонија

by Журнал.мк

Сè уште не може да се предвиди во кој обем рецесијата на германската економија ќе се одрази врз македонската, којашто е екстремно зависна со оглед дека Германија е нашиот најголем трговски партнер. Од нивната Комора тврдат дека ситуацијата не влијае на интересот на потенцијалните инвеститори и на размената, којашто лани достигна речиси пет милијарди евра.

Две нови компании, едната од областа на електрониката за напредни батерии, другата од текстилната индустрија, фамилијарен бизнис за бакарни кабли и цевки, ќе го зголемат портфолиото германски инвестиции во земјава.

„Да се инвестира во образованието, во иднина на цена ќе бидат мехатроничарите и индустриските техничари, квалификуваните работници мора да се добро платени за да не ја напуштат државата“, вели Антје Ванделт, директорка на Германската стопанска комора во земјава.

За најголеми ризици за водење бизнис германските компании ги наведуваат инфраструктурата и бирократските процедури при вадење работни дозволи за странци и за престој на нивните семејства.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk