6 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Ванда Нара имала поинакви планови: Го терав Икарди да потпише за Милан, но не ме послуша!

Најчитани вести

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди летово го напушти Интер и замина на едногодишна позајмица од ПСЖ. Toj игра одлично во дресот на францускиот клуб и досега постигна седум гола на седум натпревари оваа сезона.

Аргентинецот беше избркан од Интер, но заминувањето во Париз се покажа како идеално решение за него.

Сепак, неговата сопруга и менаџерка, Ванда Нара, призна дека побарала од Мауро да останат во Милано и тој да потпише за лутиот градски ривал Милан, затоа што не сакала да се сели. Но, Икарди овој пат не ја послушал.

Имавме можност Мауро да замине во Милан. Лично, ми се допадна таа одлука затоа што ќе останевме во Милано, но тој не можеше да го одбие ПСЖ, а тоа се покажа како исправна одлука за него. Мене тешко ми падна постојано да патувам на релација Милан и Париз. Децата се во Париз, но тоа беше подобро за кариерата на Мауро и тоа е тоа, откри Ванда Нара.

Ванда работи како гостин-водител во една спортска емисија „Тики Така“, поради што мора да доаѓа во Милано еднаш неделно.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести