Home » Ванг: Кина никогаш нема да прифати мешање на САД во кинеско-руските односи

Ванг: Кина никогаш нема да прифати мешање на САД во кинеско-руските односи

by Журнал.мк

Кина никогаш нема да прифати САД да се мешаат во кинеско-руските односи, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин, пренесуваат медиумите во регионот.

Ванг, на редовната прес-конференција, одговарајќи на прашање за средбата меѓу кинескиот врвен дипломат Ванг Ји и американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Минхен, рече дека сеопфатното стратешко партнерство на Кина се заснова на соработка заснована на независност и неконфронтација во суверенитетот на двете независни земји.

Ванг истакна дека САД не се во позиција да поставуваат барања за Кина и дека Пекинг не прифаќа притисок или принуда.

Ванг на тој начин одговори на барањето на новинарите да го коментира предупредувањето на Блинкен до Кина да не и помага на Русија во војната во Украина, објави Ројтерс.

Во разговор со Ванг Ји, Блинкен рече дека кинеските компании веќе и даваат поддршка на Русија и дека новите информации сугерираат дека Пекинг исто така може да испрати оружје и муниција за војната во Украина и предупреди дека таквата ескалација ќе има сериозни последици за Кина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk