8.7 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Вангеловски куртули, точката за негово разрешување одложена, Панчевски времено суспендиран

Најчитани вести

Претседателот на Врховен Јово Вангеловски ја преживеа денешната седница на Судскиот совет на чиј дневен ред беше неговото разрешување за одлучувањето да му се укине притворот на Кочан, дознава Телма.

На барање на новиот член во советот Миљазим Мустафа кој минатата недела беше избран од Собранието, точката за Ванголвски и уште една судијка од врховен е одложена за по одморите. Мустафа побарал време да ги разгледа и проучи матеирјалите поврзани со оваа постапка, велат нашите извори во советот.

Денеска и Кочан го избегна денот „Д“ определен во упатниот акт за да влезе во затвор. Кривичен се уште се нема произнесено по новото барање за одлагање кое го поднесе во понедленикот поради здравствени причини, откако минатата недела бил хоспитлаизиран во приватна болница. Од судот најавија дека судијата за извршување санкции треба да направи проверка на документацијата пред да одлучи кога Кочан треба да оди зад решетки.

Судскиот совет според изворите на Телма ја запрел постапката и за двајца судии од скопска Апелаиција кои донесоа одлука – разунавачите Груејевски и Бошковски да одат во Шутка, но оставија можност жалбата да го одложи притворот по што обвинетите избегаа во Грција

Точката за разрешување на судии не е јавна и медиумите не можат да ја следнат. На тајноста на постапката се повика и претседателот на Судскиот совет Киро Здравев во изјавата дадена пред почнување на седницата. Вели дека се работи на сите постпаки за судии.

Советот го суспендираше експретседатлеот на Кривичниот суд Владимир Панчевски кој во мометот работи како судија на прекршоци. Одлуката за негово времено оддалечувањето од судиската фунција следува откако за кого неодамна обивнителството покрена обвинение за злоупотреби со АКИМС-от и советот отвори постпака за него.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести