Валенсија сака да го донесе Хари Винкс на позајмица до крајот на сезоната, еднаш беа одбиени од Тотнем, но тие доставиле нова понуда.
Ставот на Жозе Мурињо е дека Хари Винкс нема шанси да замине во јануари, но и покрај тоа Валенсија се обидува да го ангажира играчот од средниот ред на Тотнем.
Новинарот, Гилем Балаг тврди дека Валенсија испратила втора понуда за Хари Винкс.
Но и покрај тоа не се верува дека Жозе Мурињо ќе даде зелено светло за овој трансфер. Хари Винкс му е еден од значајните играчи иако ретко го игра како стартер оваа сезона.