14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Валверде: „Ел Класико“ секогаш е судир на титаните, кој ќе победи оди три чекори напред

Најчитани вести

Фудбалскиот свет вечерва ќе биде фокусиран на настаните на „Камп Ноу“ каде првата пресметка сезонава во Ла Лига ќе ја имаат вечните ривали во шпанскиот фудбал, Барселона и Реал Мадрид. Како „дуел на титаните“ го најавува тренерот на каталонскиот тим Ернесто Валверде.

„Победата против Реал Мадрид е секогаш посебна, но не е лесно да се оствари. Тоа е дуел на титаните, натпревар кој секогаш го обзема светот. Така ќе биде и вечерва, а победникот ќе оди три чекори напред. Во вакви дуели решава мотивацијата, а Барселона е подготвена за големата пресметка“, изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Еден од дебитантите на „Ел Класико“ ќе биде Френки де Јонг, холандскиот интернационалец кој изминатото лето пристигна од Ајакс.

„Немаат сите фудбалери привилегија да играат на „Ел Класико“. Многу разговарав со соиграчите за овие дуели, едвај чекам да почне мечот. Ќе имам и посебна поддршка од семејството на трибините“, вели Де Јонг.

Ернесто Валверде нема проблеми со составот, со оглед дека за големото дерби во тимот се враќаат и Жодри Алба и Нелсон Семедо, а најголемиот хендикеп на Зинедин Зидан е отсуството на Еден Азар. Цела сезона поради сериозна повреда отсуствува Марко Асенсио.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com