28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Вакцините против Ковид-19 во земјава ќе пристигнат до крајот на март

Најчитани вести

Земјава е во третиот бран од пандемијата со ковид 19 засега нема да има нови мерки до понеделник.Властите очекуваат полицискиот час од 22-05 часот да даде резултати за 4 до 5 дена.

Дека до крајот на овој месец и почетокот на следниот во земјава ќе пристигнат поголема количина вакцини е уверен и премиерот Зоран Заев.

-Ги очекуваме кинеските вакцини можно е да стигнат, лично се надевам дека дополнително ќе ни помогне кинеската Амбасада и нашите врски со Кина, за да може тие 200.000 вакцини, кои се нарачани, потпишани протоколи да стигнат до крајот на месецот. Затоа што го чекаме и во посета кинескиот министер за одбрана, па би било сходно да направат дополнителни напори да стигнат вакцините од Кина, истакна Заев.

Забележа дека рускиот амбасадор и министерот за здравство, Венко Филипче се целосно посветени за обезбедување на следните количини на руската вакцина „Спутник В“, а што се однесува за нарачаните вакцини од ЕУ, Заев вели дека добиле насоки да се направат промени во Законот за обезбедување на гарантен фонд во земјава, за евентуални последици од вакцините за да може да се забрза постапката и од ЕУ.

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Дејвид Гир од Тетово порача дека е свесен оти доставата на вакцините не е на посакувано ниво, но смета дека механизмот Ковакс ќе профункционира соодветно.

– Имајќи предвид дека и во рамките на ЕУ земјите членки имаат потешкотии во врска со програмите за распределување на вакцините, бројките на новите заразени случаи се зголемуваат и тоа ја прави работата уште потешка. Да не се заборави дека ЕУ исто така фунцкионира врз база на системот на солидарност и во овој контекст ќе профункционира системот и механизамот Ковакс така да Унијата ќе продолжи да ја дава својата поддршка и во контекст на вакцините, меѓутоа мора сите да бидеме свесни дека тоа е навистина многу долг процес. Вашата земја може секогаш да смета на поддршката на ЕУ, истакна Гир.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести