-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

ВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖЕ ДА ПАТУВААТ ВО ЕУ Филипче вели за овие лица не е потребен карантин

Најчитани вести

Одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со ставањето на црвената листа на ЕУ, министерот Филипче рече дека тоа е поврзано со вакциналната политика на земјата.

– Како што можете да приметите за патување во ЕУ на вакцинираните лица не им се потребни ПЦР тестови и карантин. Нашиот тим направи специјални напори, па така вакциналниот сертификат е признат во сите европски земји и сите кои што го поседуваат слободно може да патуваат – одговори Филипче.

Тој потенцираше дека Македонија, како и целиот свет се стреми кон вакцинација на населението и со тоа да се дојде до колективен имунитет, како и полека да се враќа нормалниот живот кај сите нас.

Според министерот целта е да се зголеми бројот на вакцинирани лица кај нас, и потенцираше дека има значително зголемување во градовите каде што претходно интересот за вакцинација беше значително мал, како Гостивар и Тетово.

Филипче вели дека со работа ќе продолжат сите вакцинални пунктови во земјава. Со една доза е вакцинирано 43 проценти од населението кои се над 18 години, 28 проценти над 18 до 39 години, 52 проценти на 40 и над 40 години. Околу 73 проценти се вакцинирани граѓаните над 70 години.

Има разлика во опфатот по градови, каде највисок е во Охрид, во Кавадарци, во Неготино, во Ресен каде е 50 и 60 проценти. Во Гостивар е прилично низок каде процентот е околу 20, а најголем раст е забележан во Тетово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com