23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Вакцинираните Израелци без карантин по пристигнувањето во Грција

Најчитани вести

Задолжителниот седумдневен карантин, по пристигнувањето во Грција од вчера не важи за државјаните на Израел кои се вакцинирани и имаат соодветна потврда, согласно новите упатства од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, според авио упатства што се во сила до 5 април и се однесуваат само на израелските државјани, за патување во Грција потребен е сертификат за вакцинација на англиски јазик под услов: или да се поминати 14 дена од вакцинацијата или да има негативен ПЦР тест направен 72 часа пред пристигнувањето.

Сертификатот мора да содржи име и презиме на лицето, вид на вакцина и број на примени дози, а оние кои ќе имаат потврда за вакцинација се ослободени од задолжителниот превентивен седумдневен карантин што важи за сите пристигнувања од странство, како и за посетителите од Израел кои не се вакцинирани.

Со ова, всушност започнува и имплементацијата на сертификатот за вакцинација што беше договорен на почетокот на февруари за време на посетата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Израел и средбата со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху.

Грчката Влада го одреди 14 мај, како можен термин за отворање на туризмот, во зависност од текот на пандемијата, а согласно планот, за секој кој ќе сака да патува во Грција ќе треба или да биде вакциниран, или да има негативен ПЦР тест или да има прележано Ковид-19, додека пак при влезот ќе се прават и дополнителни тестирања, во зависност од земјата од која е пристигнувањето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести