19.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Вакцинирале постари луѓе со празни шприцеви- бразилската полиција започна истрага

Најчитани вести

Полицијата во Рио де Жанеиро започна истрага поради извештаите дека на голем број луѓе од ризични групи вакцината им била дадена „на празно“.

Откако на социјалните мрежи се појавија видеа од здравствени работници кои вакцинираат стари лица со целосно празен шприц, полицијата апелираше до локалните власти и здравствените власти да помогнат во напорите да се разбере што навистина се случило со вакцините наменети за стари лица, пренесува Ројтерс.

Во државата Рио се пријавени најмалку три случаи на, како што велат локалните медиуми „воздушни инјекции“, во кои здравствените работници биле вакцинирани од празни шприцеви.

Вработените во измамата биле отпуштени, а постарите луѓе кои примиле лажни вакцини подоцна биле вакцинирани, соопштија здравствените власти.

Доколку полицијата утврди дека вакцините се пренасочени на друга страна, оние кои се вмешани во тој скандал може да бидат гонети за проневера, за што се предвидени до 12 години затвор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести