22 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Вакцинацијата на доброволно пријавените граѓани во Србија почнува денес

Најчитани вести

Вакцинацијата во Србија на првите 1.000 граѓани што се пријавија доброволно преку порталот „Е-управа“, а имаат над 75 години, ќе почне денес.

Веста ја потврди и министерката за труд, вработување, социјала и ветерани, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, која рече дека старосниот критериум одлучил кој ќе биде приоритет.

„Во прашање се луѓе постари од 75 години, кои изразија интерес за вакцината. Ќе бидат вакцинирани граѓани во цела Србија“, рече Кисиќ-Тепавчевиќ.

Таа додаде дека во наредните денови ќе се утврди динамиката на вакцинација на другите граѓани што аплицирале за вакцината преку порталот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести