-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Најчитани вести

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината против коронавирус на „Фајзер и Бионтек“ до одреден степен, открива студија за податоци од реалниот свет во Израел, иако нејзината распространетост во земјата е многу мала.

Студијата, објавена во саботата, спореди речиси 400 луѓе кои биле позитивни на Ковид-19, 14 дена или повеќе откако примиле една или две дози на вакцината, наспроти ист број на невакцинирани пациенти со оваа болест. Меѓу другите карактеристики, меѓу испотаниците се совпаѓала возраста и полот.

Утврдено е дека јужноафриканскиот сој, Б.1.351, сочинува околу 1% од сите случаи на Ковид-19 кај сите учесници, според студијата на Универзитетот во Тел Авив и најголемиот добавувач на здравствени услуги во Израел, Клалит.

Но, кај пациентите кои примиле две дози на вакцина, стапката на преваленца на сојот била осум пати поголема од невакцинираните – 5,4% наспроти 0,7%.

Ова сугерира дека вакцината е помалку ефикасна во однос на јужноафриканскиот сој, во споредба со оригиналниот коронавирус и сојот за прв пат идентификуван во Велика Британија, која ги опфаќа скоро сите случаи на Ковид-19 во Израел, велат истражувачите.

„ Откривме непропорционално поголема стапка на јужноафриканска варијанта кај луѓето вакцинирани со втора доза, во споредба со невакцинираната група. Ова значи дека варијантата од Јужна Африка е во можност, до одреден степен, да ја пробие заштитата на вакцината “, рече Ади Стерн од универзитетот во Тел Авив.

Истражувачите предупредуваат дека студијата има само мал примерок на луѓе заразени со јужноафриканскиот сој поради нејзината реткост во Израел.

Тие исто така велат дека истражувањето нема за цел да ја заклучи целокупната ефикасност на вакцините против која било варијанта, бидејќи во нив се гледаат само луѓе кои веќе биле позитивни на Ковид-19, а не според вкупните стапки на инфекции.

„Фајзер“ одби да ја коментира израелската студија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com