37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Вака ќе изгледа најголемиот електричен Vоlkswаgеn ID.6

Најчитани вести

Фотографии доставени од Заводот за патенти во Кина открија како ќе изгледа најголемиот електричен Vоlkswаgеn. Минатата година беше покажан концептот ID Rооmzz, кој според сè наликува дека веќе ја достигнал фазата за сериско производство. Името ќе му биде ID.6 и според изгледот ќе ја следи филозофијата на неговите постари браќа и сестри од семејството со ознаката ID.

Како што доста често се случува и тука концептот е доста поинтересен отколку серискиот автомобил бидејќи тој го загубил доста од интересните додатоци, како на пример волан што може да се собере, електрични врати на лигање и камери место ретровизори.

Vw ID.6 засега ќе биде најголемиот автомобил кој се ќе ја користи МЕВ платформата или барем до претставувањето на електричниот ID Buzz.

Според документите на кинеското Минсиетсртво за Индустрија и Информатичка технологија димензиите на ID.6 ќе бидат: должина – 4876 мм. и ќе биде со меѓуоскино растојание од 2965 мм. Според тоа моделот ќе биде за 292 мм. подолг од ID.4 а меѓуоскиното растојание че биде за 198 см. подолго.
Токму благодарение на димензиите ID.6 ќе биде семејно возило со седум седишта.

Дизајнот ќе биде обезбеден од еден електромотор на предната и еден на задната оска. Нивната вкупна моќност се очекува да биде околу 300 коњски сили, а судејќи според податоците презентирани за концептот ID.Rооmzz, со едно полнење  ќе може да бидат поминати околу 450 километри.

Повеќе информации и подетални податоци ќе бидат познати после официјалното претставување на моделот, кое ќе се одржи наскоро.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести