23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Бјелогрлиќ прозборе за несреќата на синот што ја криеја од јавноста

Најчитани вести

Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ го привлекол вниманието на јавноста откако на прес-конференција за првпат прозборел за сообраќајната несреќа што ја предизвикал неговиот син Алексеј. Иако несреќата се случила пред повеќе од една година, за веста се дознало дури сега.
Тогаш 18-годишниот Алексеј управувал со автомобилот без возачка дозвола и налетал на мотоциклист и притоа тешко го повредил.

Според пишувањата на српските медиуми, Алексеј на повредениот маж му платил 150.000 српски динари за да ја избегне затворската казна. Бјелогрлиќ, пак, смета дека веста сега излегла во јавност оти на овој начин  некој сака  му се одмазди. Уверен е дека текстовите, објавени 14 месеци по несреќата, се пишуваат бидејќи во серијата „Сенки над Балканот“ без влакна на јазикот зборува за состојбата во општеството.
„ Овие отрови во иднина упатете ги кон мене, јас сум тука со име и со презиме, не чепкајте ми ја фамилијата, децата, не само на мене туку никому, на ниту една јавна личност, политичар од  која било страна“, рекол Бјелогрлиќ, кој на конференцијата пристигнал со својот адвокат.
„ Свесен сум дека не сум ниту прв ниту последен, но, за огромна жал на оние кои востановиле методи на заплашување и замолчување на слободоумните луѓе, јас дојдов да кажам дека не им се плашам“, додал актерот.
Драган ги демантирал и шпекулациите дека Алексеј побегнал од местото на несреќата.
„Повикал итна помош, бил со повредениот и му предложил да одат заедно во ургентно, но тој одбил.
Тогаш дојде дома, ми кажа што се случило, заедно отидовме во ургентниот центар, а потоа и во полиција каде се пријави“, открил Бјелогрлиќ за српските медиуми.

Текстот Бјелогрлиќ прозборе за несреќата на синот што ја криеја од јавноста е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести