13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Буџетот на Град Скопје за 2020 предвидува најголем раст во комуналниот сектор

Најчитани вести

Град Скопје на денешната седница на Советот ќе го разгледува предлог-буџетот за 2020 година.

Најголемо зголемување на планираните средства во новиот предлог-буџет на Градот има во секторот за комунални работи, каде што средствата за 2020 се зголемени 72 отсто во однос на 2019.

„Во согласност со направените процени и анализи, со предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година се предлага износ од 7,3 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во предлогот се планира и дел од вишокот приходи остварен во минатите години, во износ од 875.668.000 денари“, се наведува во соопштението на градските власти.

Во него се додава дека во споредба со годинава предложениот буџет за 2020 година се зголемува 12 отсто.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com