17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Буџетот за превенција од ХИВ скратен за цели 40 отсто

Најчитани вести

Тие на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство се пожалија дека со ваквиот буџет, кој е помал за 40 отсто во однос на минатогодишниот, не може да се извршуват ниту досега обезбедените минимални услуги.

„Со ова се загрозува здравјето на најмалку 10.000 директни корисници на овие услуги од програмите од маргинализираните групи. Наместо предвидените 46,5 милиони денари во програмата наменети за услугите на превенција што се спроведуваат во 12 града во земјава, Министерството завчера објави јавен повик за здруженија во износ намален за дури 19 милиони денари“, изјави Андреј Сених од здружение „Заедно посилни“.

Хајди Штерјова Симоновиќ од здружението „Опции за здрав живот – Скопје“ додаде дека е неприфатливо дополнително да им се скрати правото на здравје и заштита од ХИВ.

„Во изминатите три месеци од годинава целокупниот национален одговор кон епидемијата со ХИВ е целосно на товар на 14 граѓански организации кои се дел од платформата за заштита од ХИВ, овие организации продолжуваат со работа без неопходните средства за спроведување на активностите, притоа не лишувајќи ги ниту еден ден корисниците од услугите“, додаде Штерјова Симоновиќ.

Здруженијата дополнително информираа дека со ваквиот буџет ќе следи и затворање на центрите.

Според податоците со кои здруженијата располагаат, во моментот на Клиниката за инфективни болести се лекуваат околу 350 ХИВ позитивни лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com