25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Бучковски се сретна со Захариева

Најчитани вести

Софија, 21 декември – Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева го примила специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, објави БГНЕС, повикувајќи се на бугарското Министерство за надворешни работи.

За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји.

-Република Бугарија предложи акциски план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој документ, кој се однесува на сите ресорни министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот), пишува БГНЕС.

Како што соопшти претходно МНР на С.Македонија, предвидено е Бучковски во Софија да оствари средба со претставниците на Република Бугарија на повеќе нивоа.

–Министерството за надворешни работи и Владата на Северна Македонија остануваат на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно, взаемно решение за билатералните разлики по различни прашања со соседна Бугарија, како и за враќање на довербата во ефикасноста и успешноста на Договорот за пријателство од 2017 година, стои во соопштението од МНР.

При крајот на годината, потсетува Министерството, е доставен Акциски план за имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година, за што во разговор меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Екатерина Захариева беше договорено да бидат разменети забелешки, мислења и соодветни предлози.

-Во оваа насока во претстојниот период ќе имаме конструктивен придонес преку нашиот специјален претставник, а истото го очекуваме и од бугарска страна, како можен единствен како единствен можен начин до изнаоѓање решение, наведе Министерството во соопштение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести