9 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Бучковски: Прва шанса „за пробив“ со Бугарија во мај, втора во ноември

Најчитани вести

Ние, реално, според моите проценки, ја имаме шансата да го направиме првиот пробив по изборите во Бугарија, значи мај, јуни. Потоа се влегува во предкампања – кај нас се локалните, но и во Бугарија има други избори тоа се претседателските. Ако не успееме во овие два месеца, потоа другата шанса ни е во ноември, декември, изјави денеска специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски, чиј мандат е до 1 декември оваа година.

Разговорите Скопје – Софија почнаа веднаш по блокирањето на преговарачката рамка на Македонија со Европската унија (ЕУ), која ја стави Бугарија со образложение дека Скопје не го исполнува Договорот за добрососедство, но и по инсистирањата на Софија, Македонија да признае бугарски корени на идентитетот, народот и јазикот. Македонскиот премиер, Зоран Заев, рече дека се тоа македонските црвени линии и дека за нив нема преговори.

Реториката се вжешти по изјавата на шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, дека македонизмот е создаден од Белград и Москва, како и по „обвинувањата од Захариева дека Македонија има под 50 проценти усогласеност на надворешната политика со онаа на ЕУ“, на што вчера остро реагираше македонскиот вицепремиер Никола Димитров.

Последно на релација Скопје – Софија е најавата за скорешно финализирање на т.н. Акциски план, кој според премиерот Заев ќе ги олесни разговорите, но до сега тој јавно не е објавен.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести