1.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Бучковски: ВМРО-ДПМНЕ направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија

Најчитани вести

Идејата беше да покажеме дека сме сериозни да го имплементираме Договорот за пријателство со Бугарија. Убедени сме дека брзо ќе дојдеме до фаза на реализација. Требаше да покажеме дека Македонија нема никакви скриени намери кон Бугарија, вели Владо Бучковски, специјален претставник на владата за спорот со Бугарија во Студио 10 на ТВ 24.

-По резултатите на изборите во април што ги имаа се доведовме во позиција да немаме соговорник од другата страна. Сепак, мислам дека овој вакуум беше продуктивно искористен. Паднаа во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кои се во континуитет, ескалацијата беше во ноември – декември. Се покажа дека реално ВМРО-ДПМНЕ не покажа трошка разбирање на заштита на националните и државни интереси. Направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија, дел од бугарските политичари постојано на секоја средба што сум ја имал споменуваа дека барањето на дополнителни гаранции е поради заканите од опозицијата, вели Бучковски.

Тој рече дека има резерви кон Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, а со која најголемата опозициска партија очекува да се заштитат македонските „црвени линии“.

-Мислам дека нашата мудра политика во изминатите неколку месеци, ненаседнувањето на провокациите, покажаа и докажаа дека Македонија ги стекна симпатиите на меѓународната заедница. Затоа ние според мене имавме еден константен однос во поглед на нивната Резолуција и тврдевме дека тие го загрозија Договорот за пријателство со таа нивна Резолуција. Резолуцијата во бугарскиот парламент не може да го загрози договорот, но тргнувајќи од тоа дека треба да се биде мудар, беше и последната посета на владината делегација предводена од премиерот Заев. Нам ни се брза и се обидуваме да изнајдеме решение и да покажеме дека постои сериозна намера од наша страна да ги надминеме овие проблеми. Јас можам да ја поздравам намерата на ВМРО-ДПМНЕ, но остава кај мене сериозна резерва за искрените намери и за содржината,. ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна грешка бидејќи се задскрива зад документ на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Овој документ не е поминат низ телата на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.. Никој од нив не расправал за оваа Резолуција. Зад тој меморандум само стојат потписите на тројцата раководни лица, рече Бучковски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести