Сигурно еден од највозбудливите дуели од 1/8финалто во Лигата на шапионите ќе биде пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Директорот на „кралевите“, Емилио Бутрагењо по ждрепката имаше полн респект за „граѓаните“.
„Сите тимови во шеширот беа тешки. Манчестер Сити е голем тим во секоја смисла, па ќе биде брилијантен двомеч и мора добро да се подготвиме за него. Сите играчи знаат колку значи ова натпреварување за нашиот клуб, а Сити ќе не натера да дадеме се од себе“, изјави Бутрагењо.
Првиот дуел меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра на 26. февруари, додека реваншто на 17. март