9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Бутел: Големи ветувања и големи очекувања од кандидатите за градоначалници

Најчитани вести

Нова амбуланта, водовод и подобра хигиена во општината Бутел се дел од очекувањата на жителите во оваа општина кои што претставувале проблем години наназад, а очекуваат нивно решение во иднина.

Во четвртата општина по големина во Скопје, дел од бутелчани ги посочуваат актуелните проблеми кои ги има населбата, а дел од нив пак велат дека се задоволни од тоа што досега е направено.

Ветувања за развој на општината, нови проекти, нова амбуланта е дел од предизборната програма на двајцата кандидати за градоначалници на Бутел. Битката за градоначалничката фотелја се води помеѓу актуелниот градоначалник на од редовите на СДСМ- Велимир Смилевски и неговиот против кандидат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.

Смилевски во гостување во Студио 10 на ТВ 24 вели дека во неговиот четири годишен мандат успеал да ги зголеми приливите на општината и да спроведе 250 проекти, Костовски пак вели дека ништо од ветеното од страна на актуелниот градоначалник не е спроведено, а доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори во Бутел зградата на општината ќе ја понуди да биде нова поликлиника во населбата.

И додека трае изборната кампања, натпреварот на идеи, понуди, ветувања продолжува – кандидатите се секојдневно на терен и зависно од перспективата изгледа дека по изборите во бутел ќе тече мед и млеко. За 4 години ќе се брои се и ветувањата и остварените желби и надежи на жителите на оваа скопска населба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com