9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Бускетс: Дали ќе продолжам да играм за Шпанија: Не знам…

Најчитани вести

Шпанија го заврши својот настап на 16. Европско првенство и тоа со пораз во полуфиналето од Италија која се покажа како подобар изведувач на ударите од 11 метри.

„Црвената фурија“ покажа одлична игра, ги неутрализираше „аѕурите“, меѓутоа одново имаше проблеми со завршницата и тоа дефинитивно ги чиниеше многу на средбата на „Вембли“. Еден од најдобрите на теренот дефинитивно беше Серхио Бускетс за кого ова можеби беше последен меч во националниот тим.

-Навистина не знам, ова не е време да размислувам за себе. Ова е момент во кој сум горд на мојот тим, -рече играчот за врска кој за неколку денови ќе наполни 33 години.

-Одигравме многу повеќе фудбал од Италија. Тие се одличен тим, ама ние ја имавме топката. Генерално бевме доминатни, штета што изгубивме по пенали, -дополни членот на Барселона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести