Буркина Фасо и Мали распоредија борбени авиони во базите на територијата на Нигер. Потегот е оценет како солидарност со соседната земја и со цел да се одврати секоја можност за надворешна воена агресија.
Во меѓувреме, се погласни се тврдењата дека „ЕКОВАС“, го договорил „Денот-Д“ за можна воена интервенција во Нигер доколку пропаднат дипломатските обиди. Западноафриканскиот блок бара итно ослободување на соборениот претседател Мухамед Базум.