14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Булевар „Бил Клинтон“ во Сараево

Најчитани вести

Сараево наскоро може да ја добие улица со името на Бил Клинтон, 42-от претседател на САД. Станува збор за иницијатива на кантонскиот пратеник Харис Захирагиќ, која денеска беше усвоена од Собранието на кантонот Сараево, објави порталот Кликс.ба.

„Поднесувам иницијатива за преименување на улицата „Пут Живота“ (Општина Ново Сараево) или дел од улицата „Пут Живота“ (од страната на улицата до Амбасадата на САД) во улица „Булевар Бил Клинтон“ или да се додаде името Бил Клинтон на постојното име на улица“, стои во иницијативата.
Бил Клинтон беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, вклучително и во времето на склучување на Дејтонскиот мировен договор за БиХ, во кој посредуваа токму Американците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com