29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Букурешт вечно ќе ги памети македонските фанови: Потрошени 450 илјади евра и испиени илјадници литри пиво!

Најчитани вести

Македонската навивачка фаланга овој јуни за првпат беше дел од едно Европско првенство во фудбал, а според податоците на романските власи за Јавни приходи и медиумите од оваа земја, домаќините од Букурешт вечно ќе ги паметат развеселените македонски фанови кои за првпат уживаа во еден голем турнир.

Според податоците кои пристигнуваат од главниот романски град, македонските навивачи воопшто не се штеделе во престолнината и понесени од фудбалската еуфорија, се погрижиле за формирање на бројки кои не можат да се споредат со ниту едни други навивачи кои исто така беа дел од групната фаза во Букурешт.

За неполни четири дена во Букурешт, македонските фанови успеале да испијат измеѓу 70 и 75 илјади литро пиво според проценките на романските угостители, а Управата за Јавни приходи од Романија вели дека уште поимпозантни се бројките од заработката на локалите кои беа обоени во „црвено-жолто“ во изминатите пет дена.

Статистиката вели дека околу 4.000 македонски фанови го посетија Букурешт и беа дел од двата историски натпревари против Австрија и Украина, а без оглед на поразите, нашите сонародници се погрижија за еден уникатен податок по кој се апсолутни победници во романската метропола.

За период од 96 часа, Македонците потрошиле околу 450.000 евра за јадење и пиење алкохол во познатите романски локали, а проценките велат дека биле испиени три цистерни пиво, поради кои романските медиуми пишуваат дека угостителите и жителите од Букурешт, вечно ќе ја паметат македонската инвазија во нивниот град.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com