Home » Буквално најдоброто ВИДЕО досега: Верверичка ја лажирала својата смрт, го договорила и местото на злосторството

Буквално најдоброто ВИДЕО досега: Верверичка ја лажирала својата смрт, го договорила и местото на злосторството

by Lina Muslija

На Твитер се шири урнебесна снимка од летечка верверица наречена „најголемата драма кралица“

Во морето од вирални видеа со животни, најдовме едно апсолутно урнебесно. Видеото, снимено во Азија, започнува со снимка од летечка верверица која случајно влегува во еден дом, а потоа започнува шоуто кога ќе види метла со висока рачка.

Верверицата ползи под рачката, внимателно ја мести, открива колку е долга и широка и почнува да се преправа дека е мртва. Уште неколку пати ја мести рачката на метлата и легнува, гледајќи ваму-таму да види дали ќе ја забележат сопствениците. На крајот на краиштата, најдобро е да се уверите сами:

„Најголемата драма кралица што сум ја видел“

Видеото за неколку дена е прегледано речиси 20 милиони пати и луѓето се воодушевени. „Ова сигурно е најголемата драма кралица што сум ја видел“, е еден од типичните коментари.

Летечките верверички, инаку, се мали животни распространети во областите на Скандинавија, Азија и Северна Америка, во зависност од подвидот од кои има околу 40. Имаат големи очи и густо, меко крзно и сплескана опашка. Живеат во шуми, но луѓето ширум светот знаат како да ги чуваат како домашни миленици.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More