Министерството за надворешни работи на Бугарија во соопштение за предлогот на француското претседателство со ЕУ, бара парламентарната Комисија за надворешнма политика веднаш да свика состанок со учество на ова министерство на кој ќе се разговара за сите достапни документи за Македонија за да се формулира заедничка бугарска позиција со цел да се утврдат следните дејствија на бугарската дипломатија.
Во документот се прецизира дека доколку тоа не се случи што е можно поскоро, бугарското МНР ќе има мандат само да се придржува до рамковниот став, декларацијата на парламентот од 2019 година и до заклучоците на Советодавниот совет за национална безбедност од 2022 година.
Во документот се забележува дека нивната содржина не соодветствува целосно со „францускиот предлог“.