Помеѓу 6 и 8 јуни претставници на бугарската наука ќе орисуствуваат во Европскиот парламент во Стразбур да ја претстават и бранат бугарската позиција пред евентуалниот почетокот на преговорите меѓу Скопје и ЕУ.
Веста е потврдена за „24 часа“ од археологот Николај Овчаров, кој заминува заедно со историчарот Пламен Павлов и филологот Ана Кочева заедно со бугарските европратеници.
Целта на патувањето ќе биде преку „темелна презентација да се претстави европската перспектива на Републиката Северна Македонија и условите зад кои стои Бугарија“.
- Во овој поглед, доста доцниме, но подобро некогаш отколку никогаш. Се надевам дека ќе се послуша ставот на бугарската наука. Јас сум од Националниот археолошки институт при БАН и јас имам бланко дозвола од претседавачот, академик Јулијан Ревалски, да го презентираме ставот на академијата, изјавил професорот Овчаров.
Професорите велат дека ако бидат оставени нерешени историски спорови, во одреден момент „Бугарија ќе мора да се лиши од сопствената историја, од историјата на својот јазик“.