12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Бугарски МиГ-29 се урна во Црното Море

Најчитани вести

Авион на бугарското воено воздухопловство „МиГ-29“ се урна во Црното Море кај Шабла за време на воените вежби „Шабла 2021“. Веста за БНР ја потврди потполковникот Кирил Михаилов, командант на бугарската морнарица.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на порака од бугарското Министерство за одбрана, инцидентот се случил при извршување на задача за обука над морското подрачје на Република Бугарија, авион МиГ-29 на бугарското воено воздухопловство изгубил радио комуникација и исчезна од радарите во 00:45 часот по локално време.

Акцијата за пребарување и спасување е започната веднаш и е во тек, засега нема информации дали пилотот бил спасен. Во потрагата се вклучени морнарицата, Заедничката команда за специјални операции, Граничната полиција и Бугарското воено воздухопловство.

Министерот за одбрана на Бугарија Георги Панајотов патува во областа на инцидентот. Причините за падот на авионот остануваат нејасни.

Истрагата ќе ја преземе военото обвинителство. Властите соопштија дека тактичката вежба е прекината. На вежбата требаше да присуствува техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com