23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Бугарски историчар вели дека јазикот не е проблем, но Бугарите ги нема во македонскиот Устав

Најчитани вести

Ние сме како едно семејство, Македонците се наши браќа, вели бугарскиот историчар и проф. Светлозар Елдаров за „Bulgaria on air“.

Тој додава дека Бугарите не се појавуваат како малцинство во Уставот на Република Северна Македонија и немаат никакви права како такви. 

„Со години бев дел од голем експеримент – градење културни мостови преку работата на БАН. Имав чест да водам еден од овие проекти. Со моите колеги од Северна Македонија бевме на иста маса, немавме проблеми, зборувавме како што треба да зборуваат сите научници“, објаснува тој.

Додава дека темата за македонскиот јазик не претставува проблем.

„Поважно е да се постигне консензус за историјата. Дали во учебниците немаше полемики за бугарската историја“, прашува историчарот.

Тој смета дека пристапот од пред неколку години беше проширување на личните и институционалните врски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести