25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Бугарските социјалисти бараат враќање на гласачките ливчиња на изборите наместо машинско гласање

Најчитани вести

Бугарската социјалистичка партија (БСП) предложи враќање на хартиените гласачки ливчиња заедно со машинско гласање за сите видови избори, во сите избирачки места во земјата со повеќе од 300 гласачи.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, предлагачите на законските измени- пратениците на БСП, Георги Свиленски, Филип Попов и Румен Гечев, машинското гласање довело до невиден пад на излезноста на гласачите во Бугарија, што треба да биде надминато со враќање на хартиените ливчиња.

Предлог-законот за измена на Изборниот законик на Бугарија предвидува гласачите да можат да избираат како ќе гласаат – машински или со хартија. Така, податоците од гласачкото ливче мора да се сумираат со оние од машинското гласање и заедно да се внесат во општиот записник. За валиден машински глас ќе се смета само оној за кој има хартиено гласачко ливче.

БСП предлага при увидот во протоколите во избирачките места да присуствуваат членовите на ЦИК, кандидати, застапници, набљудувачи, анкетари, новинари, како и претставници на партиите, коалициите и иницијативните одбори. Сите тие ќе можат да го снимаат и емитуваат процесот во живо. Дополнително, нацрт-амандманите на БСП предвидуваат параван на избирачките места, а не темна просторија, како што беше досега, кога се гласаше само со хартија.

Во 2021 година, за време на 45. и 46. Народно собрание, тие беа изгласани, додека ГЕРБ се противеше на машинското гласање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com