9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Бугарскиот премиер Јанев: Ние имаме предлози, треба да седнеме на маса со Заев и да се разбереме

Најчитани вести

Европската перспектива на Северна Македонија и Албанија не е предмет на спор и Бугарија секогаш ги поддржува, вели бугарскиот премиер Стефан Јанев во ексклузивно интревју за МИА, посочувајќи дека позицијата на Софија во однос на европската интеграција на земјава е јасна и таа е потврдена од бугарскиот Парламент од есента 2019 година.

– Тоа што е создадено како односи меѓу Република Северна Македонија и Бугарија во моментов е наследство од најмалку четири-пет години наназад. Знаете дека во 2017 година беше потпишан Договорот за добрососедство, кој би требало да биде оној инструмент кој ќе ја овозможи брзата европска интергација на Македонија. За жал, јас не ја обвинувам едната страна, и двете страни имаат вина што тој Договор, колку и добронамено да е напишан, не ја претпостави неопходноста од некаков јасен механизам за оценување на напредокот во однос на проблемите што би требало да ги реши тој Договор, вели Јанев.

Тој нагласува дека се радува што денеска ќе биде домаќин на премиерот Зоран Заев и ќе можат да се видат, како што вели, „како пријатели, како соседи и како браќа“ и да седнат и разговараат за нешта што зависат од нив.

– Ние треба да седнеме да маса и да се разбереме. Нам ни треба дијалог, нам ни треба разбирање за нашите односи и за тоа што сакаме да постигнеме во интерес на нашите граѓани, за да ги најдеме нашите заеднички интереси, каде е пресечната точка на тие заеднички интереси. И врз основа на заедничките интереси да градиме заедничка иднина, додава Јанев.

Тој нагласува дека одговорност на владите на двете земји е да седнат и прагматично да работат на варијанти како може да се излезе од сегашната ситуација.

– Имаме предлози, претпоставувам дека и македонската страна ќе донесе свои предлози, ќе седнеме да разговараме. Во блиска иднина, да сме живи и здрави, изборите се во јули месец, кон крајот на јули – август ќе имаме Парламент, и ако сме направиле нешто за време на службената Влада, Парламентот ќе каже да или не и да одиме напред, истакнува Јанев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com